ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ ДА ПОЧНЕ СО ОНЛАЈН НАСТАВА: Движењето „Поддршка за онлајн настава“ смета дека постои голем здравствен ризик од ширење на вирусот
Движењето „Поддршка за онлајн настава“ баранаставата на стартот од второто полугодие да биде онлајн.
– Ние не сме способни да имаме комбирнирана, не сме способни да имаме ни со физичко присуство настава, затоа што децата во една училница со 30-40 метри квадратни го пренесуваат вирусот многу брзо. Шансата за заразување е многу голема. Ги фрламе во оган не само децата, туку и нивните родители, бабите, дедовците, цели семејства, изјави Ана Глигорова, претставник на движењето „Поддршка за онлајн настава.
Ако со делтата и со првиот вухански сој се заразуваа еден, дајца, во овој случај се заразуваат буквално сите. Сметаме дека во училиштата досега не се придржуваа до протоколите во првото полугодие, децата се заразуваа во ноември иако тоа се криеше, дел од децата кои беа онлајн според законот беа изложени на мобинг од страна на одредени наставници, не беа ни вклучувани. Имаме дете од внатрешноста на Македонија кое цело прво полугодие не било вклучено, одземено му е уставното право на образование на тоа дете, кое е шесто одделение. Сега таткото презема правни мерки да го реши случајот. Се работи за огромен број случаи кои едноставно сакаат онлајн настава во второто полугодие поради здравствениот ризик во земјава. Во моментов имаме нагорна линија на позитивни лица на корона вирусот, па сметаме дека нема услови за настава со физичко присуство во тесни училници, непочитување на протоколи, нетестирање на ученици и персонал, отворени прозорци во зимски услови, поради што за кратко време ќе се доведат во смртна опасност голем број на семејства, беше речено на денешната прес конференција на Движењето „Поддршка за онлајн настава“.
