Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ВТОРО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА“: градоначалникот најавува раст на исплатите и за сезонските работници

„ВТОРО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА“: градоначалникот најавува раст на исплатите и за сезонските работници

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски вчера преку социјалните мрежи се пофали со нов раст на платите за вработените во општината, како и за сеознските работници во комуналното претпријатие во висина од 3.000 денари. 

Сојата објава градоначалникот ја започна со „мудрост“

- Не можеме да замислиме низ што поминува еден работник за да заработи во животот, но она што можеме да го направиме е да го почитуваме и вреднуваме неговиот труд - напиша стефковски на Фејсбук, а потоа дополни, го потпишав новиот колективен договор кој овозможува покачување на платите на вработените во општинската администрација за 3000 денари.

- Ова е второ покачување на платите за вработените во општинската администрација во мојот мандат.

Дополнително донесовме Одлука со која на сите сезонски работници ангажирани во ЈКП Гази Баба кои се грижат за комуналната хигиена на јавните површини да им ги покачиме платите за 3.000 денари.

Покачувањето на платите за сезонските работници во ЈКП Гази Баба е четврто во мојот мандат.

По ваквите одлуки очекувам уште поголема мотивираност кај колегите во насока на реализација на нови проекти и соодветна грижа за хигиената на јавните површини.

Целта на нашето постоење во рамки на општината е да им служиме на граѓаните и тоа не смееме никогаш да го заборавиме! - заклучува на крај од објавата. 

Останува да видиме дали е ова трка за зачувување на работниците или пак „предизборен“ маркетинг, со оглед дека годинава имаме нови локални избори. 

Слично

Поврзани вести