Вториот човек на САД ќе се дружи со Заев
Заменик-претседателот на САД, Мајк Пенс, денеска ќе му посвети внимание на македонскиот премиер Зоран Заев, кој вчера отпатува за Вашингтон.
Средбата е на покана на американскиот потпретседател и ќе се разговара за напорите на Република Македонија кон членството во НАТО, откако само неколку дена претходно во посета на Скопје беше првиот човек на Пентагон, Џејмс Матис.
Пенс телефонски разговараше со Заев на 6 јули да му честита за, како што го нарекоа од Белата куќа, историскиот договор со Грција. Пенс и Заев се сретнаа на Самитот на земјите на Јадранската повелба во Црна Гора во август минатата година, кога Пенс изјави дека Македонија може да смета на поддршката од САД во заложбите за членство во НАТО.
Слично
