Втората пратка вакцини од Србија пристигнува утре на Табановце
Втората пратка вакцини од Србија пристигнува утре.
Втората пратка вакцини од „Фајзер“, која е дел од донацијата од Србија, ќе пристигне утре, соопштија од Министерството за здравство. Пратката со вакцини ќе ја предаде министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, а од македонската страна ќе ја прифати министерот за здравство, Венко Филипче. Примопредавањето ќе се одвива на граничниот премин Табановце.
Македонија на 14 февруари доби 4.680 вакцини од Србија. Нив ги предаде српскиот претседател Александар Вучиќ, а ги прими премиерот Зоран Заев. Во Македонија сега се вакцинираат здравствените работници.foto freepik
Слично
