Втората група македонски граѓани евакуирани од OAE пристигна во Скопје
Втората група македонски граѓани евакуирани од Oбединатите Арапски Емирати(ОАЕ) поладнево пристигна во Скопје.
Станува збор за вкупно 150 патници, од кои 125 македонски државјани, 7 државјани на Србија, 11 државјјани на Косово, 2 државјани на Босна и Херцеговина, 2 државјани на Албанија, 1 државјанин на Германија, 1 државјанин на Ерменија и 1 државјанин на Црна Гора.
Врз основа на претходно утврден план и во координација со надлежните институции, летот го организираше Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а трошоците за неговата реализација се целосно покриени од државата.
фото Фејсбук/Тимчо Муцунски
Слично
