Економија, финансии, бизнис

Контакт

Втора среќа за вакцините од Србија: Пристигнуваат утре заедно со Вучиќ, Заев домаќин

Втора среќа за вакцините од Србија: Пристигнуваат утре заедно со Вучиќ, Заев домаќин

Втора среќа за примопредавањето на вакцините од Србија - најавено е за утре.

„Утре, 14.02.2021 година (недела), во 10:00 часот изутрина на граничниот премин Табановце ќе пристигне првата пратка на вакцини од Република Србија. На примопредавањето ќе учествува делегација од Република Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ, а негов домаќин ќе биде премиерот Зоран Заев, стои во владиното соопштение. 

Претходно и покрај најавата, примопредавањето беше откажано од технички причини.

Станува збор за 8.000 дози од производителот Фајзер/БионТек, кои најверојатно ќе бидат донација иако Макеоднија сакаше да ги плати.

Слично

Поврзани вести