Економија, финансии, бизнис

Контакт

Втора шанса за шпански скали среде македонскиот плоштад

Втора шанса за шпански скали среде македонскиот плоштад
Откако пропадна првиот обид, втора шанса нуди Министерството за транспорт и врски кое вчера пушти оглас за продажба на последната слободна парцела на плоштадот Македонија, каде што треба да никне комерцијално–деловен објект на три ката на кој ќе бидат поставени шпанските скали, јави порталот Build. Според објавата парцелата има 1 046 квадрати, а почетнате цена е  6.000 денари за метар квадратен. Сите заинтересирани субјекти треба да ги достават своите понуди, заедно со доказ за уплатениот депозит во износ од 700.000 денари до 8 октомври, а кој ја купил парцелата ќе се знае до 15 октомври. Исто така најповолниот понудувач ќе треба да го изработи основниот проект за новиот објект врз основа на изработеното идејно решение за фасадно обликување од страна на Министерството за транспорт и врски. Пред да почне изградбата основниот проект во „барокен“ стил ќе треба да го одобри посебна Комисија од надлежното министерство која ќе оценува дали тој се влегува во ликот на „Скопје 2014“.Според урбанистичкиот план „Мал Ринг“, објектот има површина од 3.780 метри квадратни иако од општина Центар најавија ревизија на ДУП-от.  
Слично

Поврзани вести