Втора фаза од реконструкцијата на стариот пат Прилеп-Битола
Продолжува втората фаза од реконструкцијата на стариот пат Прилеп-Битола, Р106, поточно од местото Тополчани кон Прилеп во должина од 5 км. Инвестицијата изнесува 15 милиони денари, а парите се обезбедени од Владата и Јавното претпријатие за државни патишта.

Увид во градежните активности изврши и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој истакна дека овој пат е една од поважните сообраќајни артерии за Општина Прилеп.

– Ова е еден од најфрекфентните патишта во Пелагонискиот регион кој се користи не само од жителите кои живеат во населените места кои гравитираат околу овој крај, туку и од сите оние кои се занимаваат со земјоделство,имаат свои имотитука или се занимаваат со некаков друг бизнис во овој крај. Реконструкцијата на патот беше едно големо барање кое произлезе од состаноците со месните заедници од сите населени места – изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
