Економија, финансии, бизнис

Контакт

Втор заем за два дена

Втор заем за два дена
Македонија ќе земе заем во висина од 24 милиони долари од Светска банка за поддршка на развојот на вештините и иновациите. Проектот бил одобрен вчера од Бордот директори на Светска банка, а целта била да ја подобри транспаретноста во распределба на ресурсите и да ја промовира одговорноста во високото образование, подобрување на релевантноста во средното техничко стручно образование и поддршка на иновативните капацитети во Македонија. Од проектот корист ќе имаат околу 24.000 студенти и 1.500 наставнички и управен кадар од училиштата за техничкото стручно образование, кои ќе добијат нови наставни програми и подобрување на условите за практична обука, како и обука за управување, планирање и подобрување на процесот. „Заради подобрување на перформансите на земјата на пазарот на труд, како и економската конкуретност ќе има потреба од работна сила со подобри вештини и подобро образование“, истакнува Татјана Проскурјакова, директор на Канцеларијата на Светска банка во Македонија. „Проектот е дизајниран да ги поттикне образованието и вештините кои се релевантни за пазарот на труд, како и да го подобри иновативниот капацитет на земјата“, вели Бојана Нацева, виш специјалист за образование при регионот на Европа и Централна Азија на Светска банка и лидер на проектот. Заемот за поддршка на развојот на вештините и иновациите е издаден од страна на Меѓународната банка за обнова и развој (ИБРД) и изнесува 24 милиони долари, со 18 години доспевање и 5 години грејс период. Светска банка пред два дена објави извештај во кој ги пофали активните политики за вработување на македонската влада и изрази очекување дека приватниот сектор во земјава наскоро ќе започне да создава работни места. Во изминатите години преземени се доста реформи во делот на политиките за вработување и очекуваме да видиме резултати, се оценува во Извештајот на Светска банка за Европа и Централна Азија „Назад на работа: Раст со работни места во Европа и Централна Азија“, кој беше презентиран во Скопје. Вчера Македонија зеде заем од 97 милиони евра и од Банката за развој на Советот на Европа. Управниот одбор на Банката го одобрил задолжувањето, кое треба да биде искористено за реновирање на клиниката „Мајка Тереза“ од Скопје и Регионалната клиничка болница во Штип.
Слично

Поврзани вести