Економија, финансии, бизнис

Контакт

Втор смртен случај од коронавирус - почина маж од Дебар

Втор смртен случај од коронавирус - почина маж од Дебар

Маж од Дебар кој имал 63 годиние втората жртва на корона вирусот во Макеоднија, соопшти Министерството за здравство. Починал синоќа на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. 

Синоќа дошло до нагло влошување на состојбата, а ациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород. 

„Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. Пациентот немал позната историја на коморбидитет, велат од Министерството.


Слично

Поврзани вести