ВТОР СЛУЧАЈ: Три девојчиња нападнале врсничка во Аеродром
Три малолетни девојчиња вчера нападнале врсничка во населбата Аеродром, соопшти полицијата.
Ова е втор ваков случај за само неколку дена.
„На 12.12.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје, А.П. од Скопје пријавила дека на 11.12.2024 околу 14.40 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од три малолетнички“, соопшти полицијата.
Во понеделникот четири девојчиња нападнеле врсничка во угостителски објект во Аеродром.
Слично
