Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВТОР ОБИД ЗА ПРОДАЖБА НА СТАНОВИТЕ НА ГРУЕВСКИ НА ВОДНО - цените се намалени

ВТОР ОБИД ЗА ПРОДАЖБА НА СТАНОВИТЕ НА ГРУЕВСКИ НА ВОДНО - цените се намалени

Становите на Водно, кои Обвинителството ги третираше како скриен имот на поранешниот избеган премиер Никола Груевски, а кои беа одземени со пресудата за случајот „Плацеви на Водно“, повторно се огласени за продажба.

Огласот го објави Агенцијата за продажба на одземен имот, а првиот обид да се продадат овие станови заврши неуспешно.  

- Продажбата на конфискуваниот имот ќе се изврши со јавно наддавање по електронски пат, со почетна продажна цена утврдена согласно Процената на Министерството за правда – Бирото за процени бр.CB/EL V 2/24-20 од 20.01.2025 година, намалена за ¼ согласно член 48 став (2) од Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка - информираат од Агеницијата за управување со одземен имот. 

Станува збор за три стана на Водно, со вкупна површина од 750 квадратни метри. Првично становите беа проценети на вкупна вредност 2,4 милиони евра, а сега нивната цена се намали на 1.843.000 евра. 

Апартманите како што може да се види од фотографиите имаат огромните балкони, со неверојатна глетка кон цело Скопје. 

Еден од апартманите е со големина од 155 квадратни метри, со балкон од 95 квадрати. Овој стан првиот пат се продаваше по цена од 760.000 евра, а за 569.662 евра. Од објавените фотографии може да се види дека станот располага со џакузи.   

Вториот стан е со големина од 199 квадрати, со балкон од 48 метри квадратни и првично се продаваше за 847.000 евра, а сега е намален на 635.220 евра.  

Третиот е речиси со идентична големина, односно од 200 квадратни метри и со балкон од 48 квадрати. Беше проценет е на 851.000 евра, а сега се нуди за 637.896 евра. 

Електронското јавно наддавање за становите ќе се спроведе на 23 декември. 

Груевски за „Плацеви на Водно“ првостепено беше осуден на седум години затвор, а Апелација ја преиначи пресудата и му ја зголеми казната на девет години затвор. Во предметот, Груевски, покрај за нелегалното купување на плацеви на Водно, осуден е и за злоупотреба на партиските донации.  

Според обвинението, во периодот од јуни 2006 до октомври 2012 година, тој како лидер на партија наместо да прикаже пари како примени донации во ВМРО-ДПМНЕ, за себе прибавил 1,3 милион евра, а потоа ги пуштал во оптек и купувал парцели на Водно.


Поврзани вести:

Одобрена е првата продажба на запленетиот имот на Мијалков и Груевски, се очекуваат почетни 3,5 милиони евра

Груевски: Становите што се продадоа не се мои

Повеќе објави на темата на овој линк.

Слично

Поврзани вести