Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВТОР НЕУСПЕШЕН РЕФЕРЕНДУМ: Во Босилово не успеа

ВТОР НЕУСПЕШЕН РЕФЕРЕНДУМ: Во Босилово не успеа

Референдумот во Босилово за отворање на рудници за бакар и злато Иловица не успеа, затоа што не излегоа повеќе од 50% од гласачите.

На 19-те гласачки места во општина Босилово требаше да излезат 5.151 гласач (50% од запишаните гласачи) за да биде успешен референдумот за или против отворање рудници на територијата на оваа општина.

Граѓаните требаше да одговорат дали се за или против рудник за бакар и злато во Иловица.

На 17 септември референдум за рудникот кај Иловица ќе има и во општина Ново Село.

Ова е втор неуспешен референдум. Претходно и во Валандово референдумот не успеа поради слабата излезност, а успешни беа референдумите во Гевгелија, Богданци и Дојран.

Слично

Поврзани вести