ВТОР КРУГ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ: Колку гласови се потребни за победа?
За победа во вториот круг oд изборите за претседател потребни се 362.864 гласови.
Во Македонија денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, на кои 1.814.317 граѓани имаат право на глас.
Во вториот круг на гласање ќе биде избран кандидатот кој ќе добие мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излезат повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 725.727 гласачи, како што е предвидено во Изборниот законик, а за него гласале 362.864 избирачи. Доколку и во вториот круг ниту еден од кандидатите не добил потребен број гласови, се повторува целата изборна постапка.
Слично
