Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВТОР ИЗБОРЕН КРУГ: Кој гласа денеска за градоначалник?

ВТОР ИЗБОРЕН КРУГ: Кој гласа денеска за градоначалник?

Утре во Македонија се одржува вториот круг од гласањето на локалните избори, а граѓаните во 44 општини ќе бираат свој градоначалник. Еден ден претходно, односно денеска гласаат болните и изнемоштените, како и граѓаните кои се во изолација поради заболување од ковид-19, како и поради контакт со заболен од вирусот.

Кај оние кои се во изолација, гласањето ќе го спроведуваат посебни тимови формирани од медицински лица, а кај болните и изнемоштените ќе доаѓаат претставници од избирачките избори. Денеска гласаат и лицата кои издржуваат казна затвор или се во притвор, ( запишани се вкупно 1.409 избирачи), 266 лице кои се сместени во установи за вонсемејно сместување, како и шест граѓани кои имаат статус на раселени лица.  

Во вториот круг на овие локални избори, право на глас имаат 1.353.990 граѓани, а утре ќе бидат отворени точно 2.481 избирачки места.

Освен за градоначалник на Скопје, од скопските општини ќе се гласа и во Општината Центар и во Општината Карпош.


Слично

Поврзани вести