Втор ден турканици за лични документи, граѓани и натаму чекаат на скалите
Фото: ТВ21
Втор ден по ред пред просториите на МВР, кај Македонска Телевизија има страшни гужви и турканици од огромен број граѓани кои се обидуваат да извадат лични документи, откако по неколку дена повторно профункционира системот за прием и издавање на лични карти, пасоши и возачки дозволи.
Редовите од граѓани се уште достигнуваат до скалите пред зградата. Граѓаните, иако имаа закажан термин, чекаа ред со часови.
Причината за прекинот беше техничка, односно миграција во нов систем заради прилагодување со што по 1 јули на пасошите ќе биде напишано новото име на државата Северна Македонија.
Слично
