Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Втор ден продолжува рушењето на времените кафеанчиња на кејот во Скопје

(ВИДЕО) Втор ден продолжува рушењето на времените кафеанчиња на кејот во Скопје

Втор ден по ред продолжува акцијата за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти на кејот на Вардар во центарот на Скопје.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера рече дека ова се прави со цел заштита на јавниот интерес и обезбедување слободно, безбедно и достоинствено користење на јавните површини.

Акцијата, како што рече, се спроведува без никакви отстапки, со јасна порака дека јавниот простор им припаѓа на граѓаните и мора да биде достапен за сите под еднакви услови.

„Ги повикувам граѓаните на Скопје активно да се вклучат, да пријават објекти што го окупираат заедничкиот простор и да помогнат да изградиме град во кој владее ред, достоинство и еднаква пристапност за сите. Заедно градиме град каков што заслужуваме“ напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.


Слично

Поврзани вести