Втор ден по ред нема починати од Ковид-19
Втор ден по ред во Тетово нема регистрирано жртва од коронавирусот, додека во Гостивар, во последните 24 часа во овој град се регистрирани уште три смртни случаи и покрај намалувањето на бројките за позитивни. Лекарите велат дека бројот на амбулантски прегледи е намален, додека 27 лица се хоспитализирани во болничкиот центар и интерното одделение.
За разлика од Гостивар, во Тетово ситуацијата е помирна. Втор ден по ред, по речиси три недели, нема смрт од коронавирус.
- Ситуацијата денес во Тетово е сеуште стабилна, за среќа имаме нула број жртви, како вчера. Имаме 82 хоспитализирани кои се уште се во сериозна состојба со терапија со кислород. Синоќа имавме 132 проверки, сите со рани симптоми на вирусот, благодарност до медиумите бидејќи преку вас апелираме за свест и апел за вакцинација - рече Миранда Пајазити, портпарол на ковид-центарот во Тетово.
Ситуацијата денеска е мирна во пунктовите за вакцинација во Тетово. За разлика од другите денови, нема толпи луѓе што чекаат ред пред пунктовите за имунизација.
