Економија, финансии, бизнис

Контакт

Морбилите косат: Ќе помогнат ли мерките за заштита од епидемијата?

Морбилите косат: Ќе помогнат ли мерките за заштита од епидемијата?

Од почетокот на епидемијата на морбили во Скопје од месец декември до сега, се регистрирани околу 900 лица заболени од ситни сипаници на целата територија на земјава.

Најголемиот број на регистрирани лица со морбили се регистрирани во Институтот за јавно здравје во Скопје, но има и регистрирани пациенти со мали сипаници и во останатите центри за јавно здравје во внатрешноста на Северна Македонија.

Од заболените лица дел се вакцинирани со две дози, а дел се невакцинирани или делумо вакцинирани, односно со само една доза на МРП вакцина.

Задолжителната вакцина останува како најглавна метода за заштита од ситни сипаници, и најдобра заштита. Меѓутоа со прогласувањето на епидемијата на цела држава министерот за здравство Венко Филипче изјави дека, во септември нема да се примаат невакцинирани деца ниту во училиште. 

Останува мерката за заштита на децата во градинката, со тоа што сеуште е забрането да се примаат деца во градинка коишто не се вакцинирани.

Слично

Поврзани вести