Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕЧЕ КАМПАЊАТА: Какви пораки пратија тројцата кандидати за шеф на државата вториот ден?

ТЕЧЕ КАМПАЊАТА: Какви пораки пратија тројцата кандидати за шеф на државата вториот ден?

Масовно да излеземе на гласање, без оглед на партиската припадност и да покажеме дека не сме анонимни, истакна Блерим Река вчера продолжувајќи ја својата кампања на средба со граѓаните од скопските села Чифлик, Батинце, Патишка река и Студеничани.

-Другите нудат конзенсуалност, што на албански значи зделка, но за жал тие и даваат приоритет на зделката со соседот, додека во нашиот случај се работи за зделка меѓу браќа од иста крв. Двајцата лидери на опозициските партии склучиле завет за да поддржуваат еден албански кандидат и со ова тие докажуваат дека се за факторизирање на албанските гласови, нагласи независниот кандидат за претседател Река.

Професорката Гордана Силјаноска Давкова, кандидат за претседател на ВМРО – ДПМНЕ вчера ја продолжи својата кампања во Ресен и од таму порача:  Ние немаме друга Македонија. Не постои Репубика Јужна Македонија. Смешно е некој да помисли дека од територијата сме го добиле името. Ако сме опстоиле и во Отоманската империја и во сите битки илинденците и партизаните се бореле за Северна Македонија, дека на 8 септември сме гласале за Северна Македонија. Не Северна е нивна, а Македонија е наша.

Во своето обраќање пред присутните повторно се задржа на неинтонирањето на химната при денешниот пречек на грчкиот премиер Алексис Ципрас, нагласувајќи дека се чуствува со урнисано достоинство заради таквиот чин и оти тоа е навреда за македонскиот народ и македонската држава.

Македонија како едно општество за сите, е нешто за што се залагам јас и оние кои ме поддржуваат. Тој концепт е единствениот продуктивен за држава во вакво немирно балканско опкружување и држава со ваква етничка и религиозна разноликост каква што е Македонија, порача кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски на средбата со граѓаните на општина Аеродром.

Македонија треба да оди напред, а тоа рече е можно доколку сите чекориме напред и доколку се решаваат проблемите, што, според него, го прави оваа Влада. Напредокот на земјата, како што рече, Пендаровски го овозможува и преспанскиот Договор.


Слично

Поврзани вести