Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ВТОР ДЕЛ НА КОНФЛИКТОТ ОД 2001 ГОДИНА“: Адеми тврди дека власта спроведува политики кои водат кон влошување на меѓуетничките односи

„ВТОР ДЕЛ НА КОНФЛИКТОТ ОД 2001 ГОДИНА“: Адеми тврди дека власта спроведува политики кои водат кон влошување на меѓуетничките односи

Потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми, во интервју за емисијата „Дијалог те Лајми“ ја обвини актуелната власт дека ги влошува меѓуетничките односи во земјава.

 Адеми предупреди дека одредени македонски аналитичари и политичари отворено зборуваат за „втор дел“ на конфликтот од 2001 година – овој пат како форма на одмазда кон Албанците.

„Во јавноста се зборува дека сега следува второто полувреме од играта меѓу Македонците и Албанците, каде што некои тврдат дека Албанците го добиле првото полувреме и сега сакаат да го поништат резултатот“, рече Адеми.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат таен договор уште од 2022 година, со цел Албанците да бидат исклучени од важни одлуки и институции. Тој вели дека ова е стратегија на системска маргинализација која има потенцијал да го загрози општествениот мир.

„Македонија во 2024-2025 е сосема различна и ова не е истата земја како пред војната“, заклучи Адеми.


Слично

Поврзани вести