ВСУШНОСТ, ШИЛЕГОВ „ЈА ИСПРОВОЦИРА“ ДАНЕЛА: Се пофали со новогодишниот декор од 2019/2020 година и споредбата со Лондон, а сегашната состојба ја нарече „темнина“
Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов се вчераутрото се огласи на Фејсбук за тоа што Скопје не е новогодишно украсено.
„Ретко ги коментирам состојбите во Скопје, иако многу често и тоа како имам што да кажам. Но, после повеќе од 1.000 примени пораки, едноставно, морам да прокоментирам.
На фотографијава е Скопје 2019/20. Споредено со Лондон . Темнината што сега не опкружува, на свој начин, сепак е наш, личен избор ….
П.С. За прославите и Винтерленд во некоја друга прилика …“ напиша тој.
На неговиот статус се огласија градските власти со реакција.
Слично
