„ВРЗ ОСНОВА НА КОИ ОД ДВАТА ОТСТО ДОВЕРБА ВО СУДСТВОТО ЛОГА ГО ТЕМЕЛИ ОВОЈ ЗАКЛУЧОК?“ ВМРО-ДПМНЕ го возвраќа ударот
Откако ЛОГА ЈА ОСУДИ ИЗЈАВАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА КАЦАРСКА: Партијата да не се однесува како во изборна кампања , се огласија од ВМРО-ДПМНЕ со реакција на неговата изјава.
„Кога Кренар Лога ќе сака да глуми заштитник на наводната независност на судските институции добро е да објасни врз основа на кои од двата отсто доверба во судството го темели овој заклучок?
Зошто Лога не беше загрижен кога цело ДУИ и Зајас на Ахмети беше вграден во судскиот систем на државата?
Ислам Абази првиот човек на организиран криминал, Бурим Сејдини, претседателот на Управен суд и Али Ахмети, лидерот на интегративците се родум од кичевското село Зајас.
Претседателите на основните судови во Тетово и Кичево, Хасан Асани и Амдије Зенку се поранешни функционери и активисти на ДУИ. Во Врховниот суд е и Шпенд Деваја, сопругот на поранешната градоначалничка Теута Арифи.
Добрила Кацарска стана Уставен судија откако работата ја заврши со политичките прогони во основниот кривичен суд“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
