ВРЗ НЕА ПАДНА ДРВО ВО СКОПЈЕ: Жена заврши во болница
Жената врз која падна дрво во Скопје не е во загрозувачка состојба.
Жената на околу педесетина години врз која попладнево падна дрво кај „Европски универзитет“, не е во животозагрозувачка состојба, потврди за МИА, доктор Драган Панов од Итната медицинска помош во Скопје.
„Наша екипа со помош на пожарникари ја извлекле. Таа немала надворешни видливи повреди. Се пожалила на болки во кичма и по телото, по што е однесена на опсервација на клиника. Треба да се направат снимки за да се види дали има некаква фрактура“, појасни тој за МИА.
Од Центарот за управување со кризи(ЦУК) информираат дека од силниот ветер, попладнево има паднати дрвја на неколку локации низ главниот град на државава. Синоптичарите за остатокот од денот најавија пороен дожд, грмежи, град и силен ветер над 70 километри на час
Според добиените пријави во Центарот за управување со кризи (ЦУК) како последица на невремето кое попладнево го зафати Скопје паднати се 16 дрвја, оштетени се три возила, регистрирани се седум откачени кабли од бандери, три кровови се оштетени, како и регистрирана е повреда на едно лице.Од ЦУК информираат дека во моментов се известуваат и координираат надлежните служби од општините и Град Скопје, за постапување по пријавите за штети и опасности.
Невреме ја зафати и Битола.
