Вртелешките поставени на кејот на Вардар ќе бидат отстранети?
Вртелешките поставени на кејот на Вардар ќе бидат отстранети, јавува порталот СакамДаКажам.
Двете вртелешки ги постави поранешниот градоначалник, Коце Трајановски. Едната во близина на седиштето на Телеком, другата спроти Министерството за надворешни работи.
Од кабинетот на актуелниот градоначалник, Петре Шилегов информирале дека тие ќе се отстранат бидејќи едната го блокира кејот на Вардар, а другата нема доволно посетители.
Се размислувало за нови локации, односно паркот во Чаир и паркот на езерата во Аеродром.
Слично
