ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Дете тепало дете во Ѓорче Петров, а соученик ги снимал и гo објавил видеото
Дете тепало дете во Ѓорче Петров, а соученик ги снимал и ги објавил на социјалните мрежи.
Мајка од Скопје настанот го пријавила во полиција. Б.С. (38) од Скопје вчера попладне пријавила дека на 6 мај 2025 година, околу 17:50 часот, во населбата Ѓорче Петров нејзиното дете добило ќотек од соученик. Дополнително, трето лице, исто така малолетно, го снимало нападот и потоа видеото го објавило на социјална мрежа.
И претходно имало случаи на врсничко насилство кои ја згрозија јавноста. Истражувањата покажуваат дека мнозинството ученици се соочиле со врсничко насилство.
Слично
