Врнежите ја „поплавија“ улицата зад Трговскиот центар „Рамстор“
Во главниот град врнежите не престануваат. Врне полека и тивко, но доволно за да направи хаос на улиците во Скопје.
А покрај хаосот тука се и поплавите.
Улицата „Јордан Мијалков“ е пренасочена за сообраќај поради големата количина на вода која се собрала зад Трговскиот центар „Рамстор“.
Проблемот утрово бил пријавен а од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека се работи за дефект со канализацијата кој се решава во моментов.
ФОТО: Тв21
Слично
