Врне во повеќе градови во Македонија
Врне во повеќе градови во земјава.
Нестабилно време ги зафати Делчево, Велес, Штип, Демир Хисар, Скопје и Тетово.
„Во попладневните часови од север кон Скопската Котлина се спушти
нестабилна облачна маса од која беше зафатено поширокото подрачје на Скопје со интензивни процеси со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град. Интензивна нестабилност има и источно од Тетово“, велат од УХМР.
Од УХМР велат дека во скопско и тетовско до крајот на денот ќе има нестабилно време.
foto MIA
Слично
