Економија, финансии, бизнис

Контакт

Врие во Земјоделство - министерот Димковски објави записник и му порача на Трипуновски да не злоупотребува

Врие во Земјоделство - министерот Димковски објави записник и му порача на Трипуновски да не злоупотребува

Тешко функционираат министерствата каде што, во согласност со Пржинскиот договор, има и дополнителни заменици министри.

Тоа се покажа и во случајот со Министерството за земјоделство.

И таму не стивнуваат препукувањата меѓу министерот Трајан Димковски и неговиот дополнителен заменик министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски.

Министерот Димковски на фејсбук денеска го објави записникот, кој според него, е доказ за манипулацијата која дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски, и неговиот советник Марјан Атанасов, ја прават со земјоделците.

“Имено ова е записник во кој советникот на Цветан, констатира дека Екрем Јаји не постапил согласно укажувањето и не ја отстранил узурпацијата. Квалификувајќи го како узурпатор, со овој записник му е скратено правото на обештетување. Цветане кажете му ја вистината и престанете да ги злоупотребувате земјоделците за приватни цели“, пишува министерот Димковски на својот фејсбук профил.

Слични и посилни вакви препукувања имаше и во министерствата за внатрешни работи, за финансии, како и за труд и социјална политика.

Слично

Поврзани вести