Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРИЕ ЛИ ВО ДУИ: Познати членови негодуваат за изборот на Груби и Османи

ВРИЕ ЛИ ВО ДУИ: Познати членови негодуваат за изборот на Груби и Османи

Не одело се така глатко на состанокот на Централниот совет на ДУИ, вчера додека партијата ги договараше и ги потврдуваше кандидатите за министри во идната Влада. Албански медиуми во земјава јавуваат дека разговорите се вжештиле, дури, и дека претставници на ограноците на ДУИ од Сарај и Чаир во знак на револт не учествувале на состанокот. Најголема причина за несогласувањата според медиумите се кандидатурите за министри на Артан Груби и Бујар Османи. Груби е предложен за прв вицепремиер, додека Бујар Османи оди во Министерството за надворешни работи. Сепак дел од членовите и партиските функционери негодувале и за тоа што повторно исти луѓе добиваат шанси, дури имало реакција и за Фатмир Бесими кој е предложен за министер за финансии, додека неговиот брат Флорин Бесими веќе е избран за пратеник. Со тоа, како што се тврди исти луѓе, исти семејства со години се провлекуваат на функции.

Партиски извори коментирале дека Груби и Османи не се поддржани од Чаир и Сарај и дека ако ги почитуваат гласачите од овие места тие треба да се повлечат. 

Алсат М јави дека на состанокот не дошле пратениците Изет Меџити и Арбен Зибери, а незадоволство од поделбата на ресорите имало и во Струга. Дури с епроблематизира изборот и на Талат Џафери, па се шпекулира дека некои од нив нема да го дадат својот глас за него денеска кога треба да се избира нов Претседател на собранието. 

Освен Груби, Османи и Бесими, ДУИ предложи Крешник Бектеши да е министер за економија, а Насер Нуредини да остане во Министерството за животна средина

Оттаму  се уште немаат предлог министер за информатичко општество и администрација. Според првичните информации на тоа место требаше да биде Ширет Елези, досегашната заменик министерка за финансии, но извори тврдат дека за неа не се изјаснил позитивно Централен совет на ДУИ. 


Слично

Поврзани вести