Врховен суд на јавна седница ќе расправа за доживотните казни во „Монструм
Врховниот суд како што најавуваше за втората половина на мај ќе ја закаже јавната седница на која ќе треба да се расправа за предметот „Монструм“.

Определени се три термини, 18, 22 или 30 мај, потврдуваат од Врховен, но на кој ден ќе се разгледуваат доживотните казни затвор за осудените за петкратното убиство кај Смилковското езеро зависи од обезбедувањето на технички и безбедносни услови за одржувањето на седницата, пренесе ТВ 24.
Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, има идеја седницата да биде целосно отворена за јавноста и да се пренесува во живо, но за тоа потребно е да се обезбеди и соодветна просторија.
Од масакрот кај Смилковското езеро поминаа пет години, а за него беа осудени шест лица на доживотна казна затвор додека еден обвинет беше ослободен од обвинението.
