Врховен суд ќе ги разгледува помилувањата на Ѓорѓе Иванов
Адвокатот Миле Наумовски од Скопје поднел иницијатива до Врховниот суд за правно мислење за фамозните помилувања од страна на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.
Судот има рок од шест месеци да расправа по однос на Иницијативата. Позитивен начелен став на највисокиот суд би значел потврда на помилувањата што ги даде поранешниот претседател Ѓорге Иванов.
Во 2016 година Уставниот суд ги укина законските измени од 2009 година во кои се избриша член 11, што му даде можност на претседателот да дава аболиција и без спроведување на постапката за помилување. Веднаш по одлуката на Уставниот суд, Иванов донесе одлука за аболиција на повеќе од 50 лица, политичари и нивни блиски соработници осомничени од СЈО, што доведе до масовни протести.
