Економија, финансии, бизнис

Контакт

Врховен суд: Една година затвор плус за прегазувањето на Фросина Цековска кај Универзална

Врховен суд: Една година затвор плус за прегазувањето на Фросина Цековска кај Универзална

Врховниот суд ја преиначи пресудата на Апелациониот суд Скопје да ја намалува казната на три години затвор за возачот кој ја прегази студентката Фросина Цековска под контроверзни услови на пешачкиот премин кај Универзалната сала на булеварот Партизански одреди во главниот град.

Со оваа одлука на Љубиша Видојковиќ му се додава уште една година затворска казна, постапувајќи по жалбите на обвинетиот и на обвинителството. Обвинетиопт е осуден на казна затвор во траење од 4 години, додека во останатиот дел второстепената пресуда ја потврди.

Претходно, Апелационот суд Скопје по признание на вина со која обвинетиот го огласи виновен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот го осуди на казна затвор во траење од 3 години, а на обвинетиот му изрече и забрана за управување со моторно возило од Б категорија во траење од една година.

Сообраќајната незгода која се случи на 3 април 2015 година кога обвинетиот, управувајќи со моторно возило Хонда прелуде, под дејство на алкохол и со брзина поголема од ограничената, удрил во телото на оштетената Фросина Цековска, која како пешак започнала да го минува коловозот по обележан пешачки премин. Од ударот оштетената се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место.

Пред четири години за делото тешки дела против безбедноста на луѓето судот му одреди првостепена казна затвор на Видојковиќ од 6 години и 4 месеци, додека за делото неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода му одреди казна затвор од 5 месеци, или единствена казна затвор за двете дела од 6 и пол години. 

Слично

Поврзани вести