Економија, финансии, бизнис

Контакт

Врховен со старо нов претседател, за в.д.претседател на Кривичен избран Стојанче Рибарев

Врховен со старо нов претседател, за в.д.претседател на Кривичен избран Стојанче Рибарев

Судскиот совет денеска го избра Јово Вангеловски за старо нов претседател на Врховниот суд.

Тој беше претседател пред четири години и по првиот мандат не се кандидираше за продолжување.

За в.д. претседател на Кривичниот суд пак е избран Стојанче Рибарев, откако денеска судскиот совет ја констатираше оставката на досегашната в.д. претседателка Татјана Михајлова.

Рибарев доаѓа од Врховниот суд каде што беше избран како судија во септември минатата година. Тој бил најисусен и затоа е поставен да го води кривичен додека не се избере претседател. 

Слично

Поврзани вести