Фото: Времето ви истече - порачаа демонстрантите на „Шарена револуција“
Со голем протест на „Шарената револуција“ беше дадена поддршка на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Меѓу главните политички пораки кои беа испратени е „Времето ви истече“ алудирајќи дека СЈО ќе ја спроведе задачата која му е дадена за процесуирање на предметите и кривичните дела кои произлегуваат од прислушкуваните разговори.

Пред Собранието повторно беа активирани боите и целиот булевар беше исцртан со пораки за поддршка на СЈО.

Покрај неколку илјади граѓани присутни беа активисти, политичари и поддржувачи на СЈО кои држеа кратки говори за работата на Катица Јанева и со какви притисоци се соочува. Протестот заврши мирно без инциденти.
Слично
