Времето посвежо - каква е прогнозата за неделава?
Времето денеска ќе биде умерено облачно, со пониски температури за разлика од претходните денови.
Дневната температура ќе се дивижи од 14 до 23 Целзиусови степени.
Во попладневните часови можно е да има слаби и локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северозападен и североисточен ветер, а во делови од западните предели и засилен западен ветер.
Во Скопје ќе биде облачно, со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен северозападен ветер. Максималната дневна темепратура ќе се искачи до 19 Целзиусови степени.
Во наредните денови ќе имаме слично време, а температурите по градови ќе се движат од 14 до 17 степени.
Во петок ќе има грмотевици, а во недела ќе има услови за дожд.
Слично
