ВРЕМЕТО НОСИ ЖЕШОК ДЕН: Бидете внимателни ако излегувате надвор
Денеска бидете претпазливи и не движете се многу на отворено, односно не изложувајте се на премногу сонце.
Метеоролозите најавуваат екстремно жешок ден со температури кои ќе надминуваат 35°С.
Топлото нема многу да не „удри“ ако судиме според прогнозата за викендов со која се предвидува освежување, и во поглед на пониска температура, и во поглед на врнежи.
Саботата ќе биде умерено облачно а попладнето е можно дестабилизирање на атмосферата чиј епилог ќе биде дожд и грмежи.
Недела донесува поголема облачност од саботата, и се најавуваат послаби врнежи кои ќе бидат позастапени на запад.
Слично
