ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Утринска до 15 и дневна до 30 степени
Во Македонија времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, а претпладне во јужните делови ќе има повремен дожд и слаб до умерен југоисточен ветер.
Попладне и до крајот на денот облачноста ќе се намали и ќе има сончеви периоди. Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 23 до 30 степени. Во Скопје времето ќе биде малку до умерено облачно со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе падне до 15, а дневната ќе се искачи до 30 степени.
Од четврток до почетокот на викендот ќе преовладува сончево време, а температурите ќе бидат во пораст, но преку денот нема да е особено топло. Најсвежо наутро ќе биде во четврток и петок.
Слично
