ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Претпладне сончево а попладне со дожд
Метеорлозите за денес четврток најавуваат сончево време со мала до умерена облачност, попладне со услови за локална појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието и во западните делови од земјата.
Утринските температури на воздухот ќе бидат над нулата и ќе се движат во интервал од 3 до 10 степени целзиусови. Додека, максималните дневни температури ќе го достигнат 24 степен.
Синоптичарите пак за последниот ден од оваа работна недела најавуваат сончево и потопло време со умерена облачност со услови за слаб до умерен југозападен ветер. Минималните утрински температури ќе се движат од 2 до 9 степени, додека дневните температури ќе се движат во интервал од 19 до 26 степени целзиусови.
