ВРЕМЕНСКИ РОЛОКОСТЕР, по заладувањето, доаѓа затоплување, а потоа нов студен бран
Деновиве не очекува вистински временски ролокостер. Како што најавуваат синоптичарите, по ладните денови, од денеска почнува затоплување, кое ќе трае краток период, бидејќи од викеднов ќе има ново заладување.
Имено, денеска во утринските часови се уште има услови за локален дожд особено во западните делови. Во текот на денот ќе биде претежно променливо облачно и особено претпладне со појава на магла и ниска облачност во дел од котлините. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје во раните утринските часови со услови за слаб дожд, во текот на денот облачно и со појава на магла поизразена претпладне.
Максималната дневна темепература ќе се движи од 7 до 14 степени.
Од утре се очекува уште поголемо затоплување. Во претпладневните часови во петок ќе има услови за магла и ниска облачност по котлините. Во текот на денот малку до умерено облачно со сончеви периоди и топло за овој дел од годината. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец најизразен вдолж Повардарието.
Во Скопје во утринските часови со услови за појава на магла, а попладне со сончеви периоди и мала облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Во петок максималните дневни температури ќе се движат од 9 до 18 степени.
Во продолжение видете какви температури ќе имаме во текот на викендот.

