Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРЕМЕНСКА РАМКА ОД ШЕСТ МЕСЕЦИ - толку дава Петков за надминување на спорот со земјава, но бара Бугарија да не се нарекува „фашистичка“ во нашите учебници

ВРЕМЕНСКА РАМКА ОД ШЕСТ МЕСЕЦИ - толку дава Петков за надминување на спорот со земјава, но бара Бугарија да не се нарекува „фашистичка“ во нашите учебници

Новиот бугарски премиер Кирил Петков сигнализира дека Софија е подготвена да стави крај на блокадата на европскиот пат на Северна Македонија. Вели дека ќе предложи куса, шестмесечна рамка за надминување на спорот.

„Ќе и предложиме нов процес на Северна Македонија, многу брз, со лимитирана временска рамка, долга само шест месеци“, ова го вели Кирил Петков во интервју за Фајненшл Тајмс.

Тој вели дека сака 100 процентно да ја усогласи политиката на официјална Софија со онаа на ЕУ и НАТО. Најавува дека сака нов почеток во разговорите со Северна Македонија.

„Ќе формираме работни групи за да најдеме решенија за прашањата од заедничката економска активност, инфраструктурата, културата и историјата“, вели тој. 

Петков не очекува да има проблеми во надминување на спорот со соседот од страна на партијата ИТН која ја предводи шоуменот Слави Трифонов, чиј кандидат Теодора Генчовска ќе го предводи Министерството за надворешни работи во новата влада. 

Петков вели дека ИТН биле конструктивен партнер во коалициските преговори, но и дека некои од нивните забелешки ќе бидат прифатени во разговорите. 

„На пример, во македонските учебници Бугарија не треба да биде нарекувана фашистичка“, вели Петков алудирајќи на бугарската окупација на земјата за време на Втората светска војна. 

фото: ЕПА

Слично

Поврзани вести