ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Промена на времето, пад на температурите
Промена на времето во Република Македонија.
Денеска ќе преовладува променливо облачно време, на места со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Поинтензивни врнежи ќе има во западните делови на Македонија.
Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина до 70 километри на час. Минималните температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а максималните 20 до 27 степени.
Наредниот период нѐ очекува променливо облачно и нестабилно време со локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поизразена нестабилност се очекува во сабота.
Слично
