Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ЦЕЛА НЕДЕЛА: Еве кога нѐ очекува дожд

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ЦЕЛА НЕДЕЛА: Еве кога нѐ очекува дожд

Времеската прогноза утрово по одделни котлини ќе биде со појава на магла и ниска облачност. Преку денот со умерена, а во западните и југозападните делови со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималните температури ќе движат до 18 степени Целзиусови, додека во Скопје тие ќе достигнат максимални 15 степени.

Во вторник времето ќе биде променливо облачно со поголема ниска облачност во југозападните делови и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец , со максимални температури до 16 степен.

Како што поминуваат деновите, температурите ќе паѓаат.

Среда: 

Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Наутро со појава на магла по котлините, преку денот променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Четврток:

Минимална температура: -1°C до 54°C
Максимална температура: 10°C до 15°C

Наутро со појава на магла по котлините, а преку денот променливо облачно со услови за слаб локален дожд.

Петок:

Минимална температура: 3°C до 7°C
Максимална температура: 8°C до 14°C

Наутро со појава на магла по котлините, преку денот променливо облачно со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.


Слично

Поврзани вести