Временска прогноза за Божиќ: Дури и максималните температури ќе бидат ниски
Пад на ионака ниските температури под влијанието на поларниот воздушен бран ќе продолжи и за големиот христијански празник Божиќ и ќе се задржи периодот на променливо време со повремени локални послаби врнежи од снег и дување на северниот ветер.
Во празничните денови наутро температурите на некои места ќе се спуштат дури до околу -16 степени, а на планинските места и под -20 степени. Многу ниски ќе бидат и максималните температури кој ќе се искачуваат во интервалот од -7 до 0 степени.
Се очекува да продолжи појавата на голомразица на патиштата, па особено возачите треба да внимаваат.
Слично
