ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Снег за крај на годината?
В понеделник, 31 декември ќе бидеме под периферно циклонско влијание. Станува збор за релативно слаб циклон, а самиот факт што ќе бидеме на неговата периферија не ветува некои големи и нагли промени на временската состоба. Сепак, нема да останеме „без ништо“.
Облачното, време кое го очекуваме уште на самиот календарски почеток на понеделник, ќе ни донесе локални, но слаби врнежи од снег во северните и западните делови од земјава.Попладне ќе има мало интензивирање на врнежите во западниот регион, пред се во Полог, дебарскиот крај, во охридско - преспанскиот крај и Пелагонија, но на пониските места без услови за значајна снежна покривка.
Најголем бенефит од овие краткотрајни врнежи ќе имаат ски центрите на Шара и Бистра, каде ова снежно освежување кое би донело околу 10 сантиметри снег, би придонело за подобување на условите за скијање.
Во вечерните часови врнежи од снег очекуваме во јужната половина од земјата. Планините во овој регион ќе добијат околу 15 сантиметри нов снег, но за жал во овој крај единствениот ски центар, барем од Македонска страна не е активен.
Температурата во последниот ден од годинава ќе биде пониска во однос на денешниот ден, за 4°С до 5°С.Засега, прогнозите најавуваат претежно суво време во првите 3-4 дена од годината, но следени со позначајно заладување.
Постои рилично големо несогласување на прогнозите за времето по 5ти јануари, со што давање енозначна прогноза за времето по 5ти јануари би било само голема глупост, пренесува метеопро.