Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Се очекуваат врнежи и грмежи, затоплување од сабота

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Се очекуваат врнежи и грмежи, затоплување од сабота

На средината од работната недела според синоптичарите не очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Околу пладне и попладне на некои места низ земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринските температури ќе се движат во интервал од 4 до 12 степени, додека дневните температури денес за разлика од вчера ќе бидат за неколку степени повисоки, односно ќе се движат од 11 до 21 степен целзиусов.

Слично време не очекува според метеоролозите и за останатите два дена од оваа работна недела. Додека за викендот кој следува од упавата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека конечно ќе имаме сонце и повисоки температури на воздухот.

Слично

Поврзани вести