ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно со повремен дожд
За првиот работен ден после споените четири неработни дена по повод Велигден според метеоролозите не очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од западен правец. Утринските температури на воздухот за последниот ден од месец април ќе се задржат над нулата, односно ќе се движат во интервал од 4 до 10 степени целзусови, додека дневните температури за денес, вторник ќе го достигнат максималниот 23 степен целзиусов.
Додека пак, за Денот на трудот според синоптичарите не очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за локален дожд. Минималните температури на воздухот за првиот ден од месец мај ќе се движат од 2 до 9 степени, а максималните дневни температури ќе го достигнат 23 степен целзиусов.
