Временска прогноза: Продолжува периодот на нестабилно време
Денес времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а околу пладне и попладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, особено по должина на Повардарието и минималните температури ќе се движат од 14 до 22 степени, додека пак дневната највисока температура ќе се движи во од 27 до 34 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне се очекува локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен ветер и температурите ќе се движат во интервал од 20 до 33 степени.
Периодот на променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи се очекува и во наредните денови, а дневните температури ќе бидат околу или малку под просечните за овој период од годината.
Стабилизирање на времето се очекува наредниот викенд.
