ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Претпладне сонце, попладне дожд и грмежи
И за денешниот 09 јули се предвидува сонце, па дожд и грмежи, односно според синоптичарите не очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на град и засилен ветер.
УВ индексот ќе изнесува 8.
Дневните температури на воздухот ќе се движат од 26 до 36 степени целзиусови. Најтопло се очекува да биде во Гевгелија и Демир Капија.
Додека во главниот град се очекуваат максимални 31 степени, и попладне дожд и грмежи.
Од УХМР информираат дека под влијание на влажна, посвежа и нестабилна воздушна маса во среда времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи.
На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни (над 30л/м2) во форма на невреме со појава на град и силен ветер.
Заради северниот ветер ќе има пад на температурите за 6 до 8 степени.
