ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Од денес благо опаѓање на температурите
Денес се очекува да опаднат за некој степен целзиусов температурите на воздухот.
Според синоптичарите не очекува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи.
На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, град и пообилни врнежи, на накои места и со над 30 литри на метар квадратен.
УВ индексот ќе изнесува 7.
Дневните температури на воздухот на средината од работната недела ќе бидат во мало опаѓање и ќе се движат од 24 до 31 степен целзиусов.
Врнежи од дожд се очекуваат низ целата територија на Македонија.
Според УХМР утре, се очекува врнежите да престанат.
Слично
